Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер
Во тек е евакуација на неколку згради околу штабот на ВМРО ДПМНЕ кој се наоѓа на плоштадот ВМРО во центарот на Скопје, откако бил забележан сомнителен куфер.
Вработените од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кое се наоѓа веднаш до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавиле дека им било речено веднаш да ја напуштат зградата поради закана за бомба.
Како што се дознава на местото има силно полициско присуство со цел да се расчисти случајот.