СЕ ЗАМОНАШИ ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО ВАТИКАН Ѓоко Ѓорѓевски сега е монах Георгиј
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши.Ѓорѓевски беше замонашен завчера во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
„На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот Свети великомаченик Георгиј – Криви Дол, Скопје”, се наведува во веста објавена на епархискиот сајт.
Архиепископот Стефан на новиот монах кој е замонашен во чин мала схима, му го дал го монашкото име Георгиј.Ѓорѓевски сега монахот Георгиј е на возраст од 57 години. Познат е како еден од најдобрите македонски амбасадори во Ватикан каде служеше од 2010 до 2014 година.Од 2004 година тој е професор на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ по предметот Православна теологија. Од 2000 до 2009 година беше и шеф на Кабинет на архиепископот г.г. Стефан.Автор е на бројни дела, а во изминативе пет години е на чело на Македонско библиско здружение.