Се заоструваат односите помеѓу Северна и Јужна Кореја

– Северна Кореја повторно го обвини Сеул дека „бесмислено“ се однесува кога зборува за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, а од друга страна ги зајакнува своите воени потенцијали.

Пјонгјанг последните месеци речиси во целост ја суспендира соработката со Сеул, кој изрази загриженост поради застојот во нуклеарните преговори помеѓу Северна Кореја и САД.

Севернокорејското Министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека е разнишана довербата во Јужна Кореја.

По третиот неуспешен самит на Ким Џонг-ун и Доналд Трамп на границата на Јужна и Северна Кореја, уследи работен американско-севернокорејски состанок, кој според Пјонгјанг не успеа поради „стариот американски став и однесување“.

На двогодишнината од првиот самит Трамп – Ким, севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Свон-гвон изјави дека ако САД сакаат да ги продолжат преговорите мора да бидат подготвени да и дадат нешто конкретно на Северна Кореја.

Back to top button
Close