Се запалија ресторан и штаб на политичка партија во Кичево

МВР информираше дека синоќа во 01;20 часот било пријавено дека во Кичево, во угостителски објект, настанал пожар, при што биле опожарени деловни простории кои ги користела политичка партија.

Од Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево.

Back to top button
Close