Се запали затвор во Сплит, осуденици завршија во болница

 

Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба, според „Слободна Далмација“.

Пожарот избувнал во една од ќелиите околу 21:30 часот, откако затвореник наводно се обидел со оган да ги избрка бубашвабите во ќелијата. Огнот бил главно изгаснат од затворските службеници, пред пристигнувањето на пожарникарите.

Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница поради проблеми предизвикани од чадот, соопшти противпожарната служба.

Back to top button
Close