Се запалил туристички брод во Макарска, има повредени!
Утринава се запалил туристички брод во Макарска.
Пожарот избувнал во кујната околу 8:20 часот наутро, за среча бил локализиран многу брзо. Во тек е увид на лице место.
-Две лица се повредени во пожар на туристички брод во Макарска, потврдила Сплитско-далматинската полиција за 24sata.hr.
На бродот имало туристи, а медицинска помош побарале членовите на екипажот, хрватски државјани.
фото: Читател на 24sata.hr