Се зголемува бројот на наставници, се намалува бројот на ученици

Во основните училишта на почетокот на 2024/2025 година имало вкупно 180.627 ученици, додека минатата учебна година имало 182.124 ученици.

За разлика од бројот на ученици во основните училишта, кај наставниците се забележува пораст. Минатата учебна година имало 18.831 наставници, додека оваа година бројката се искачила на 19.447.

Во средните училишта, има минимално намалување на бројот на ученици. Во 2023/2024 година имало вкупно 67.278 ученици, а оваа година 67.143. Кај наставниците, пак, се бележи пораст. Во 2023/2024 година имало 7.051, а оваа учебна година бројката се зголемила на 7.084.

 

Back to top button
Close