Се зголемува бројот на загинати во свлечиштето во северозападна Колумбија
Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во северозападна Колумбија се искачи на 22, додека осум лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.
Екипите сè уште трагаат по жртви во Меделин, вториот по големина град во Колумбија, и блискиот град Белу.
Лизгањето на земјиштето, предизвикано од обилни врнежи, во вторникот затрупа десетици куќи и остави стотици луѓе без домови.
Лизгањата на земјиштето се честа појава во Колумбија, особено за време на сезоната на дождови од април до ноември