Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа
Фудбалскиот клуб Вардар актуелниот Куп освојувач на Македонија се враќа на европската сцена и утре ќе игра во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Противник на „вардарци“ е екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. „Црвено-црните“ важат за фаворити во овој дуел и за пласман во следната рунда.
– Имавме добри подготовки изминатиов месец и сметам дека сме добро подготвени. Вардар подолг период нема настап во европски куп, го знаеме ривалот, но ние пред се гледаме во самите нас и јас сум фокусиран на моите фудбалери. Очекувам квалитетен натпревар и да стигнеме до победа. Во фудбалот нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни со гостите од Сан Марино, изјави на прес конференцијата тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.
Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во утре (четврток), а почетокот е во 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“.