Седум кандидати постари од 90 години ќе учествуваат на локалните избори во Македонија објави Скопје1.мк

На претстојните локални избори во Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ќе учествуваат седум кандидати постари од 90 години, покажува Прирачникот за локалните избори 2025, издаден од Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество и Фондацијата Конрад Аденауер.

Според податоците од Институтот за демократија, овие лица се кандидати на листите за советници во неколку општини низ државата.

На изборите во 2025 година ќе има 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници, што претставува зголемување во однос на изборите во 2021 година, кога беа пријавени 299 кандидати за градоначалници.

Најмногу кандидати за градоначалник има во Град Скопје – 16, од кои само една жена, потоа во Прилеп и Струга по девет, и во Битола осум.

Од вкупниот број кандидати за градоначалници, 89,6% се мажи, а 10,3% жени, што е мало зголемување во однос на изборите во 2021 година, кога жените сочинуваа 8%. Кај советничките листи, 45% од кандидатите се жени, што покажува континуитет во рамноправната застапеност.

Во старосната распределба, најмногу кандидати – 25,3% – се на возраст меѓу 36 и 45 години, додека 9,1% се постари од 66 години.
Има и 409 кандидати меѓу 18 и 20 години, што претставува 3,9% од сите учесници.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close