Седум лица убиени, 11 ранети во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк

Седум лица се убиени, а 11 повредени во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк, соопшти вршителот на должноста шеф на самопрогласената руска Доњецка Народна Република, Денис Пушилин.

Во објава на Телеграм тој наведе дека дронот погодил патнички автобус што сообраќал на линијата Москва – Симферопол на полуостровот Крим што е исто така под руска контрола.

Руските медиуми јавуваат дека Истражниот комитет веднаш во врска со случајот покренал кривична постапка за извршено дело „терористички напад“.

Украинската страна засега не се огласила за инцидентот.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека над повеќе региони биле соборени десетици украински дронови, додека двете страни продолжуваат со меѓусебни обвинувања за нови напади и покрај претходните дипломатски напори за смирување на конфликтот

Back to top button
Close