Седум нови случаи со Ковид-19 и седум оздравени во кумановско

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид – 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Од нив, пет се од Куманово, а две лица се од липковските села. Регистрирани се и седум оздравени пациенти.

– Има и нов кластер, а има и заболени кои имале контакти со веќе потврдени случаи, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, Ариф Љатифи.

Извршени се 61 тестирање од кои 22 по „МојТермин“, а останатите 39 се по епидемиолошки индикации.

Back to top button
Close