Седум новозаболени во тетовско откако вчера немаше ниту еден нов случај

– Тетовскиот центар за јавно здравје бележи седум нови случаи со коронавирус во изминатото деноноќие откако вчера немаше ниту еден нов заболен.

– Од седумте нови случаи пет се во рамки на општина Тетово и по еден човек заболен од населените села во општините Јегуновце и Брвеница, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Според податоците на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион има пет оздравени од Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирана достигна 1064 додека активно болни се 222 луѓе.

Back to top button
Close