Седум обвинети за делчевски ниви се во полициска станица, чекаат распит

Седумината осомничени за случајот ,,Делчевски ниви” се уапсени и однесени во полициска станица, откако денеска Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против нив.

Поточно, ги гони за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба на фотонапонски централи. Седумтемина, од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани.

Како што дознава ,,Фокус”, осомничените најверојатно утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а засега е непознато дали обвинителството ќе бара притвор.

Фокус.мк

Back to top button
Close