Седум општини ќе добијат пари од Швајцарија – 7,5 милиони швајцарски франци за водоводи
7,5 милиони швајцарски франци ќе бидат распределени за 7 општини за подобрување на водоводните системи. Амбасадата на Швајцарија и Министерството за екологија потпишаа договор за поддршка на проекти за водоснабдување во некои од најпогодените општини, кои се соочуваат со недостиг од овој основен услов за живот.
Потпишаа и договор за одржливи и ефикасни услуги на комуналните претпријатија. Станува збор за проект што ќе се реализира во 7 општини со поддршка на Швајцарската амбасада во Македонија. Проектот ќе чини 7,5 милиони швајцарски франци, од кои нашата држава обезбедила 1 милион, а останатите средства ги обезбедува Швајцарија. Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека средствата ќе се искористат за водоводни системи во најпогодените општини со дотраени мрежи и проблеми со водоснабдувањето.
„Искористувањето на нови можности за обезбедување одржливи услови за водоснабдување стана неопходно и итно. Во изминатите недели, граѓаните на некои населени места почувствуваа што значи да немаш вода 24 часа на ден. Тоа не се случи само поради зголемената потрошувачка на вода поради високите температури, туку и поради големите загуби на вода во системот“, изјави Вероника Улман, амбасадорка на Швајцарија.
Заменик-министерката Лашкоска и амбасадорката Улман ги потпишаа проектите со градоначалниците на 7-те општини Кочани, Радовиш, Берово, Виница, Куманово, Битола и Струмица