Во регионалниот центар вакцинирани над 25 илјади лица

– Притисокот на епидемијата на коронавирусот во Охрид континуирано опаѓа, епидемиолошката ситуација се смирува, бројот новозаболени се намалува. На тоа укажува и податокот дека моментално во модуларната болница на ковид-центарот при Општата болница во градот има само седум лица заболени од Ковид-19.
– Во Ковид центарот во општата болница има 44 слободни кревети, додека бројот на прегледи поврзани со коронавирусот значително е намален, изјави директорот на Општата болница Горан Балевски.
Процесот на вакцинација во Регионалниот пункт за имунизација во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се одвива непречено, а досега за вакцинирани или ревакцинирани 25 илјади граѓани.