Седум судански министри поднесоа оставка

Седум министри на суданската преодна влада ги напуштија своите функции по одржаните протести, на кои демонстрантите барале поефикасни акции на власта.

– Шест министри поднесоа оставка за да овозможат промени во Владата, соопшти кабинетот на премиерот Абдалах Хамдок, додавајќи дека оставки поднеле министрите за надворешни работи, за финансии, за енергетика, за земјоделство, за сообраќај и за сточарство.

Во соопштението се додава дека министерот за здравство е сменет.

Неколку десетици илјади луѓе протестираа на 30 јуни без разлика што во таа земја е во сила полициски час воведен поради епидемијата на новиот коронавирус. Демонстрантите бараа да се исполнат барањата за време на бунтот минатата година, кога е сменет претседателот на Судан, Омар ел Башар по три децении на власт.

Back to top button
Close