Седумдесет единици крв собрани минатата недела, две крводарителски акции неделава

– Во текот на изминатата работна недела на две крводарителски акции како и во редовна постапка во Службата за транфузиона медицина се собрани вкупно 70 единици крв, информираат од  општинска организација на Црвен крст Тетово.

Во Службата за трансфузиологија при Клиничка болница Тетово дошле и дарувале крв 24 лица. Од организираните акции во просториите на касарна на АРМ “Кузман Јосифоски Питу” – Тетово, во четвртокот 13 август крв дарувале 33 луѓе, додека во петокот во горна Џамија во село Нераште-општина Теарце се собрани 13 единици крв. Или вкупно за сите три места се 70 единици крв, информира Шкљќим Мурати, секретар во Црвениот крст.

Оваа недела предвидени се две нови организирани крводарителски акции заедно со Службата за трансфузиона медицина. Во просториите на МВР – СВР Полициска cтаница во Тетово во среда 19 август од 10:00 до 15:00 часот. Во петок акција ќе има во просториите на  џамијата во село Џепчиште од 13:30 до 16:00 часот.

Back to top button
Close