Седумдесет и пет години од усвојувањето на македонскиот правопис

На првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 година) се донесува решение за воведување на македонскиот јазик како службен на Федерална Македонија. Наредната година, по утврдувањето на азбуката на 5 мај, на 7 јуни 1945 е усвоен македонскиот правопис. Со тоа целосно се комплетира кодификацијата на македонскиот јазик.

Со издавањето на „Македонски правопис“, започнува унифицирањето на македонскиот стандарден јазик, за кој е најзаслужен нашиот лингвист Блаже Конески.

Правописот на македонскиот јазик е достапен бесплатно во електронска верзија кој може да се користи и симнува лесно од www.pravopis.mk.

Back to top button
Close