Седумдесет и шестгодишен струмичанец со бастун во рака ги мотивира младите да даруваат крв

Интересно е неговото објаснување зошто помладите треба да даруваат крв.

-Јас им објаснувам за придобивките од крводарувањето, но нема кој подобро да ги организира. Мене лично многу ме погоди короната, бидејќи не можам да се движам слободно и да ја ширам мојата мотивирачка мисија. Но, кога можам постојано им велам да не се групираат, да не одат по кафеани, да избегнуваат алкохол и пушење и да даруваат крв. Кога даваш крв самиот организам се ослободува и добиваш здравје и тоа е мојот совет до младите, рече еден од најстарите мотиватори за дарување крв во Струмица.

На заминување од скромната свеченост од просториите на струмичкиот Црвен крст уште еднаш порача дека се додека го држат нозете ќе ја исполнува својата мисија за подигнување на свеста од дарување крв.

Ристо Тасев – МИА МК

Back to top button
Close