Седумгодишно дете добило понуда за работа од руска ИТ компанија

Руска софтверска компанија поканила седумгодишен програмер да му се придружи на нивниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, јавува Би-Би-Си.

Сергеј од Санкт Петербург се прослави преку видеа во кои објаснува како се програмира.

Врз основа на тие видеа, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испратила писмена понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука.

Според рускиот закон, Сергеј не можел да заземе ниту една платена позиција до својата 14-та година.

Но, извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за Светскиот сервис на БиБиСи дека во меѓувреме разговарал со родителите на Сергеј за изнаоѓање начини за соработка.

„Неговиот татко, Кирил, беше изненаден и рече дека се многу среќни и едвај чекаат кога Сергеј ќе може да се приклучи на компанијата“, рече Мандик

Повеќе

Back to top button
Close