Седуммина мртви во експлозија на нагазна мина во Сирија

A Soviet TM-46 anti-personnel mine.

Седум лица загинаа, вклучувајќи и едно дете, во експлозијата на мина во провинцијата Хомс, во Сирија, јави денеска Сирискиот Центар за мониторинг на човекови права.

Мината експлодирала додека возило се спуштало по пат во близина на историскиот град Палмира, го уништила возилото и ги убила сите патници, вклучувајќи две жени, дете и четири мажи, наведе Центарот чие седиште е во Велика Британија.

Експлозивите, што сите страни во конфликтот во Сирија ги оставиле низ полињата, веднаш до патиштата или дури и во згради, досега повредија илјадници цивили и убија уште стотици. Во 2020 година, регистрирани се 182 жртви на касетна муниција што е речиси половина од 360-те жртви во светот, се наведува во извештајот од неодамнешниот мониторинг на нагазните мини и касетната муниција (ICBL-CMC), истражувачка и надзорна филијала на Меѓународното движење за забрана на мини.

ICBL-CMC пријави вкупно 4.099 жртви на касетната муниција во Сирија, од кои 2.102 биле  во напади и 1.997 од оставена касетна муниција.

Back to top button
Close