Сефер Цановски- Денес 11 години подоцна победи правдата


Сефер Цановски со Фејсбук статус ја поздрави пресудата со која за уривањето на Космос инвестиција на неговиот татко фиат затворска казна од 9 години доби екс премиерот груевски кој е во бегство,тогасниот градонацалник тони трајковски 4 години и тогашниот министер Миле Јанакиевски 3 години и тројцата требе солидарно да надоместат штета од 11 милиони евра.

Еве што на ФБ напиша Сефер Цановски:
·
1. Денес е Убав ден за Македонија.
Денес 11 години подоцна победи правдата!
2. Во светот приватниот капитал е светост. Политичката моќ не смее да биде злоупотребувана. Ова не е само победа на правдата за Фијат, ова е победа на правдата за граѓаните на Македонија.
3. Фијат Цаноски и неговата фамилија, како и неговите компании и институции никогаш не земале ниту еден тендер или денар од државата. Никогаш и на никој начин не ја оштетиле својата држава.
4. Не може да се вратат годините, загубите и стресовите кои ги имавме како фамилија со ниту едни пари. Загубивме многу но не го загубивме образот и достоинството.
#ЗаПравда
#ЗаМакедонија 🇲🇰

Back to top button
Close