Секој четврти Италијанец годинава се откажал од летување

Во Италија повеќето луѓе кои и годинава се решија да одат на одмор избираат туристички дестинации во својата земја заради поддршка на домашниот туризам, но и заради неизвесноста околу патувањата во странство, покажа анализата на здруженијата Колдирети и Институт X.

Околу 25 отсто од Италијанците избрале дестинација во близина на нивниот дом, односно во рамките на регионот на живеење, а најчесто избрани локации им се крајбрежните градови, планини, помалите градови и села.

Поради пандемијата, италијанските туристи оваа сезона претпочитаат да останат во своите викендички, да посетуваат роднини и пријатели или да изнајмат станови и куќи, отколку да престојуваат во хотели.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close