Секој кој направил прекршок ќе си сноси одговорност, директор или обичен граѓанин.Спасовски за синот на заменикот Буши

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин.

Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументите и фактите коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста.

Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс“.

Back to top button
Close