Секој оптимизам меѓу Бугарија и С Македонија останува без покритие, вели Милков и прашува дали во земјава ќе има политички затвореници

Според зборовите на бугарскиот министер, цитирани од тамошните медиуми, изјавите што македонската страна ги дава во Европа се едно, а сосема друго, како што вели, се практиките што постојат во Скопје, Охрид и Битола каде што живеат Бугарите. Оттука, заклучил Милков, секој оптимизам во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија засега останува без покритие

Дали ќе има политички затвореници во Северна Македонија е прашањето за кое мора да размислат структурите во оваа земја, изјавил техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, коментирајќи го вчерашното излагање на шефот на македонската дипломатија во Европскиот парламент оти Скопје ги нема заборавено обврските кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Според зборовите на бугарскиот министер, цитирани од тамошните медиуми, изјавите што македонската страна ги дава во Европа се едно, а сосема друго, како што вели, се практиките што постојат во Скопје, Охрид и во Битола, каде што живеат Бугарите. Оттука, заклучил Милков, секој оптимизам во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија засега останува без покритие.

„Ние се трудиме да не поставуваме прашања и да ги оставиме да изградат сопствен консензус во корист на измените на Уставот, но не можеме да го оставиме без последица фактот што Томе Блажевски, претседателот на бугарски културен клуб ‘Цар Борис Трети’ во Охрид, беше обвинет во текот на оваа недела, а обвинувања се копирани од обвиненијата против Љубчо Георгиевски – раководител на центарот во Битола“изјавил бугарскиот министер.

Овие обвиненија, рекол Милков, предвидуваат затворска казна од една до пет години.

„Дали ќе имаме ситуација во која ќе има политички затвореници во РСМ? Тоа е работа на која тие мора да размислат“додал в. д. шефот на бугарската дипломатија.

На фејсбук-профилот на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид, пред три дена е објавено дека претседателот на клубот, Томе Блажевски, е повикан на распит во Основното јавно обвинителство во Охрид за навреда на македонската чест. Се додава дека распитот е закажан за 28 април, односно утре.

„Среќна 1948 година … Можеш да бидеш сè само не Бугарин!“се вели во фејсбук-објавата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера од Европскиот парламент во Брисел изјави дека Скопје ги нема заборавено обврските од Договорот за добрососедство со Бугарија, а изрази и очекување оти формирањето на нова влада во Бугарија ќе отвори можност за водење конструктивен и добронамерен дијалог базиран на меѓусебно уважување и почитување на двете земји.

Back to top button
Close