Секретаријатот за цивилна заштита на Грција преку порака на мобилните телефони предупредува за зголемен ризик за ширење на Ковид-19

– Препорака до граѓаните да бидат особено претпазливи по враќањето од одмор, бидејќи е зголемен ризикот за ширење на Ковид-19, испратија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција преку порака на мобилните телефони испратена од бројот за итни случаи 112, јави дописничката на МИА од Атина.

-По вашето враќање од одмор покажете особена претпазливост. Ризикот од ширење на Ковид-19 е зголемен. Избегнувајте контакти со ранливи категории и следете ги преките за заштита, пишува во пораката на грчки и англиски јазик испратена на мобилните телефони во Грција.ср/

Back to top button
Close