Села: АА е обединета, да! Но без Арбен Таравари – тој треба да поднесе оставка

Имаше континуирани обиди“ – изјави Зијадин Села во „Клик Плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашањето дали постоеле иницијативи за обединување на Алијансата за Албанците.

Села рече дека за да постои обединета АА, Арбен Таравари треба да поднесе оставка, односно АА треба да биде без Таравари.

„Извини, ама за што да простам? Другиот треба да ја побара прошката, за да му биде простено. Не е тоа тежина. Ако минатата година имавме дебата за тоа како треба да настапи Алијансата, а денес завршуваме таму каде што јас мислев дека ќе завршиме, тогаш верувам дека треба да се побара прошка. А ако сериозно си ги прекршил партиските структури, политичката организација на Алијансата за Албанците, дејствувајќи по своја волја, а не според одлуките на Централното собрание и си правел коалиции, тогаш, секако, му должиш јавно извинување на целото членство на АА, па и на оние што беа манипулирани од идеите на овој господин, за кого гледаме каде завршува денес. Кога политичар бара прошка, сметам дека таа треба да биде конкретна, а не само празен збор. Овие тенденции…“, рече Села.

Модератор: „Што значи тоа? Да поднесе оставка?“

„Токму така“, одговори Села.

 

 

Back to top button
Close