Села: Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене

Претседателот во оставка на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска пред состанокот на партиското Централното собрание истакна дека не се повлекува од политиката.

„Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата“, посочи Села.

Тој вели дека ќе биде активен во политиката и таму каде што новиот претседател на партијата ќе побара од него.

Back to top button
Close