Села: Бојкот во Собрание ќе нема ефект

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците изјави дека бојкот во Собранието ќе нема никаков ефект. Тој вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека меѓународниот фактор реагира само тогаш кога има бојкот од македонската опозиција, а кога бојкотира албанската опозиција, меѓународната заедница не секогаш реагира.

Затоа Села смета дека не е време за бојкот на работата на Собранието, и дека бојкот не би имал ефект.

Back to top button
Close