Села до Вреди: Дојдете кај нас за да му го покажеме местото на Мицкоски

Зијадин Села денеска ја повика коалицијата ВЛЕН да стане дел од Европскиот фронт, и потоа заеднички, како што рече, „да му го покажат местото на Христијан Мицкоски“.

Села додаде дека на Мицкоски треба да му се покаже до каде има право да се справува со овој народ.

„Не обвинија дека сме хистерични за власт, но еве ние нема да дојдеме кај вас, дојдете вие кај нас, ќе го осмислиме нашиот фронт и ќе му го покажеме местото на Христијан Мицкоски, ќе му ги покажеме црвените линии и до каде има право да постапува со овој народ“, изјави Села. (press24).

Back to top button
Close