Села и Гаши утре нема да одат на средба со Ахмети. Бараат дневен ред па средба по 17 ти август

Лидерите на Алијанса на албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, пратиле писмо до ДУИ, како одговор на поканата утре во 12 часот во хотелот Парк во Скопје да се сретнат лидерите на политичките партии на Албанците.

На средбата покрај Села и Гаши поканети се и лидерот на Беса, Билал Касами, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Поканата за средбата се поклопува со денот на донесувањето на Рамковниот договор, 13 август со кој со покровителство на меѓународната заедница беше завршен воениот конфликт во 2001-та.

Во заедничкото писмо испратено до ДУИ Села и Гаши бараат од партијата на Ахмети да им ја кажат агендата односно дневниот ред на таа средба, за како што напишале, да имаат време да се подготват и истата, доколку се договорат, да биде по 17-ти овој месец. откако ќе бидат подготвени за неа.

Поканата за средба до другите албански партии Ахмети ја испрати во понеделникот, а прашан за коментар лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека овој потег на ДУИ го толкува како притисок врз него во момент кога течат преговорите со ДУИ за ново мнозинство за составување влада на кои ДУИ не отстапува од барањето нивниот кандидат за премиер-албанец, Насер Зибери, да биде на чело на новата влада.

-Ако е за одбележување на Рамковниот договор тогаш и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ треба да бидат поканети како потписници на Рамковниот – изјави Заев.

извор: лајм

Back to top button
Close