Села: Малцинствата во Македонија и Бугарија треба да се признаат меѓусебно

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска по новинарско прашање истакна дека Македонија и Бугарија треба да се признаат меѓусебно. „Отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ јас не мислам дека, без да сакам да се мешам во било која држава и народ кој сака да чествува политички или фигури од минатото, право на секој народ и секоја држава е да чествува како што размислуваат.
Во поглед на проблемот кој постои меѓу Македонија и Бугарија, мислам дека таквите акти не придонесуваат за побрзо да излеземе и да се тргне блокадата од страна на Бугарија за започнување на преговорите. Од друга страна, ставот на Алијанса за Албанците е дека соседите треба да се признаат меѓу себе“, вели Села. Тој смета дека треба да се почне од признавање на малцинството обострано. „И тука во Македонија на бугарското малцинство, па и во Бугарија македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор“, вели Села.

Back to top button
Close