Села поднесе 74 приговори до ДИК: Украдени избори нема да прифатиме

Алијансата за Албанците поднела 74 приговори до Државната изборна комисија во врска со гласањето на парламентарните избори изминатава среда.

Како што објави партискиот лидер Зијадин Села на Твитер, прелиминарните наводи на ОБСЕ/ОДИХР потврдуваат организирано купување гласови и притисокот врз гласачите од страна на ДУИ на разни избирачки места во Кичево, Сарај и Зајас.

Тој потенцира дека Коалицијата „Сега е време“ забележала многу други случаи на кршење на изборното законодавство и дека тие ги документираат.

„Државните институции да ја завршат својата работа и да обезбедат зачувување на волјата на граѓаните“, потенцирајќи дека украдените избори нема да бидат прифатени./Фокус

Back to top button
Close