Села реизбран за претседател на Алијанса за Албанците
Зијадин Села, актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, денеска беше реизбран за претседател.

Тој беше единствениот кандидат на оваа партија на денешниот конгрес.
Тој рече дека политичкото дејствување ќе биде насочено согласно партиската платформа каде има неколку клучни поенти за кои ќе се залагаат. Дел од нив, како членство во НАТО и Закон за државјанство, нагласи, веќе се отстранети како исполнети.
-Во платформата уште стои потребата за еднаквост во оваа држава. Значи државата треба да биде еднаква за сите, а не општеството да биде едно за сите. Стојат потребите за уставни измени, стои дека албанскиот јазик треба да се решава со Устав. Нема примерок во светот каде една третина од едно вкупниот број на населението да се третира како малцинство и плус оние дефиниции за албанскиот јазик кои се омаложувачки дефиниции кои даваат привременост на албанскиот јазик. Албанскиот јазик не е некој јазик со проценти над или под 20 проценти, изјави Зијадин Села по конгресот на средбата со новинарите.
На Конгресот требаше да избере и ново Собрание, а членовите ќе треба да ја донесат и новата партиска платформа.






