Села со кече на глава, од стадионот во Дортмунд ја бодри репрезентацијата на Албанија


Зијадин Села лидер на дел од Алијанса за Албанците вечерва сподели фотографија од стадионот во Дортмунд во дрес на албанската фудбалска репрезентација, за да ѝ даде поддршка на репрезентацијата на Албанија на натпреварот со Италија на Европското фудбалско првенство.

-Како и секогаш навивам за репрезентацијата. Ајде момци победа за Албанија…”, напиша Села на Фејсбук.

Back to top button
Close