Села: Таравари не може да се врати во Алијанса, тоа е „екстремен неморал”
Лидерот на Алијансата за Албанците и дел од Европскиот фронт, Зијадин Села категорично ја отфрли секоја можност за спојување со партиското крило кое моментално го предводи Арбен Таравари, говорејќи во интервју за МРТ2.
– На членовите на АА кои отидоа со Таравари вратата им останува отворена, но не и за Таравари!, рече Села, според кој тоа би бил„екстремен неморал“, имплицирајќи дека поделбата во партијата не е само прашање на стратегии или моментални интереси, туку длабока последица на политичкиот пристап и принципи.
Вели дека на локални избори одат со посебни советнички листи и од таа одлука нема враќање назад.
За сè друго се подготвени да разговараат со сите, а со премиерот Мицкоски со кого имале редовна комуникација ќе се сретнат, откако ќе се врати од пат.