Села: Власта преку Деловникот сака од пратениците да направи гласачка машина

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 степени“ истакна дека формата во која се предлага измената на Деловникот на Собранието има лоша тенденција да го направи пратеникот само гласачка машинерија. Според него, тоа ќе им се остави простор на пратениците да ја злоупотребуваат оваа можност и да се изолираат и кога нема вистинска причина.

-Прво, убавите работи се кога се донесуваат со консензус, а тука немаше никаков консензус туку се оди еднострано. Од друга страна, вистина е дека Уставот бара физичко присуство за да се одржат пленарните седници, така е и за советите и така натаму. Тоа е дел од обврските и задачите кои ги имаме. Но, тоа што мене ме загрижува и што не е тема на јавноста е проблематика која датира со години и имаше многу ветувања дека ќе се среди како прашање, а тоа е позицијата и улогата на институцијата пратеник – рече Села.

Тој праша дали пратеникот треба да биде само тој кој ја исполнува бројката од 61 пратеник за да има кворум или пратеникот треба да биде претставник на народот

Back to top button
Close