Села: Вреди го заборави Курти и аплаудира на антиалбанските изјави на Мицкоски

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој на овие избори е во коалиција со ДУИ изјави дека е загрижен што коалицијата Вреди „аплаудира на антиалбанските изјави на Христијан Мицкоски“, пишува „Газета Експрес“.

Села додава дека ВЛЕН сега го „заборави“ косовскиот премиер Албин Курти и дека го користат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Села, неговиот довчерашен сопартиец, Арбен Таравари, сега зборува како „тие да се оружјето на Мицкоски“.

„Начинот на кој ВМРО во моментов е претставена е обид да се насочи албанскиот глас кон ВЛЕН, но и да се врати услугата на Таравари, бидејќи ВМРО и ВЛЕН соработуваа во своја корист. Кандидатурата на господинот Таравари не беше со благослов, затоа што тогаш побегна и се однесуваше како поединец кој треба да слуша наредби. Се чини дека Таравари е заложник на Мицкоски“, рече Села.

Back to top button
Close