Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, по поразот од Шпанија се повлече од позицијата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт денеска поднесе оставка, откако селекцијата загуби од Шпанија во финалето на Европското првенство во Германија.

Саутгејт беше селектор на Англија осум години и ја водеше репрезентацијата на 102 натпревара.

„Како горд Англичанец, ми беше чест да играм за Англија и да бидам селектор на Англија. Дадов се од себе, но време е за промена и ново поглавје“, изјави Саутгејт.

Како тренер, Саутгејт учествуваше на четири големи турнири со националниот тим, двапати играше во финалето на Европското првенство и стигна до полуфиналето (2018) и четвртфиналето (2022) на светските првенства.

Back to top button
Close