Селими: Ненаучената лекција на “нашата” Претседателка: „Гасни комори за Албанците“ и „Чиста Македонија“ не се исто со повиците за „Илирида
Сефер Селими изреагира на ставот на претседателката Силјановска -Давкова:
-Националистички повици и повици за геноцид не се, и не смеат да се третираат исто.
А ако веќе споредувате, тогаш споредете ги со „Солун е наш“ или „Македонија, цела да е“, слогани што дефилираат по вашите партиски митинзи, кои никогаш ги немате осудувано!
Ама, изгледа дека професорката Силјаноска не ѝ ја предала таа лекција на претседателката Давкова: кога осудуваш не релативизираш, и не споредуваш – напиша Селими на Фејсбук.