Селмани: Влегувањето на Алијансата во Владата е меч со две острици


Влезот на Алијансата за Албанците во владата може да биде нож со две острици за оваа партија, бидејќи од една страна ќе придонесе за унапредување на интеграциите, а од друга страна, бидејќи е последната година од мандатот на владата, многу би ризикувала со својот електорат, вели поранешниот вицепремиер на Владата, Имер Селмани во интервју за ТВ21, пренесува „Либертас“.

– Се работи за многу специфични околности со кои се соочува нашата земја. Алијансата за Албанците е клучот за целосно вклучување на земјата во ЕУ, каде следен чекор се уставните измени. Во моментов мнозинството ги нема вистинските бројки за уставните измени, многу е нормално да се стави на маса влезот на Алијанса за Албанците во Владата. Но, за ова треба да одлучи Алијанса, бидејќи од една страна ќе го даде својот придонес за владата, од друга страна оваа влада е во последната година од својот мандат и Алијансата мора да го земе предвид и ризикот со евентуалниот влез во Владата. Ова за нив е меч со две острици, рече Селмани.

Back to top button
Close