Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синґелик за да обезбеди простор за други гробни места

Кога дошле на вечните почивалишта на нивните најблиски на градските
гробишта во Скопски Синґелик, наместо гробни места, нашле бетонска основа
врз ковчезите, а на помалку од 50тина сантиметри од лежиштата на гробните
места, биле ископани нови, слободни парцели.
” -Вчера во 18 часот дојдовме со цел да запалиме свеки бидејки беше
З месеци од починувањето на мојот сопруг и затековме целосно
поместување на гробното место. Мојот сопруг буквално е закопан
помеґу овие 2 цигли. Не е само гробот на мојот сопруг, телата не се
поместувани туку се зациментирани одозгора, поместени се и други
два гроба. Тука се три гроба, немаше празен гроб помеґу мојот
сопруг и следниот кој е закопан. Ковчегот на мојот сопруг се наоґа
под бетонот .- Сопруга на починат чијшто гроб е изместен.
Освен недостоинствената состојба во која сега се наоґаат овие вечни
почивалишта и неколку околу нив, неодамна општината Гази Баба го стеснила
патот кој поминува над гробиштата, што создало опасност од одрон врз
гробовите, но како што тврдат ожалостените семејства, ниту општината ниту
Акционерското друштво за погребни и придружни активности БУТЕЛ не
превзеле одговорност, па трошоците за изградба на потпорен sид над
парцелите, паднале врз семејствата.
Од АД Бутел засега не сакаат да коментираат како е направен ваков превид
поради кој дошло до целосно изместување на гробните места, но најавуваат
информации од увидот во понеделник.
Неофицијално, се работи и за т.н „есклузивни гробни места, а трошоците за
нив надминуваат и преку 320 000 денари, бидејки иако самото гробо место
чини 12 000 денари, за да го добијат, семејствата тврдат дека морале да се
согласат АД Бутел да ги изготви надгробните плочи.
Извор: kanal5.mk






