Семејство од Србија доживеа сообраќајка во Грција – мајка загина, таткото и детето повредени

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Грција.

Несреќата се случила вчера наутро кога дошло до директен судир на автомобил од Србија и автобус.

Според грчките медиуми, повредени се патниците од српскиот автомобил – татко, мајка и дете. Жената од повредите починала денеска во болница и покрај напорите на лекарите.

Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска.

Двегодишно дете е префрлено во болницата во Солун.

Грчката полиција работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Back to top button
Close