Семејството на жртвата во сообраќајката кај „Млечен“ утре поднесува претставки против судијката и обвинителката
Изминативе години пресудите изречени за сообраќајни незгоди во земјава често предизвикуваа револт во јавноста.
Така е и со последниот случај за сообраќајката од пред 2 години кај „МЛЕЧЕН“, во кој возачот кој преку две полни ленти уби 32годишен човек додека возел мотор со неговата сопруга, која беше тешко повредена и го загуби бебето, доби само условна казна.
Пресудата е донесена, но семејството на починатиот и сопругата Наташа Димитривска не се откажуваат од потрага по правдата. За Димитриевска пресудата е едно големо разочарување. Таа во разговор за Канал 5 вели дека уште утре ќе поднесе претставка до надлежниот суд.
„Најпрвин претставка до самиот судија исто и постапки и спрема обвинител, за долго водење на случајот, ненавремено постапување на документи за утврдување на вина за Васил, кој ми го уништи животот, го одзеде животот на Гоце и на моето дете.“ „Големо разочарување беше пресудата, беше само јавно објавена и со кратко образложение дека признал, без да образложи остатоци кои околности ги зела…ни обвинител не беше присутен да чуе исход, станува збор за смртен случај, тешки последици и загуба на плод, и осуден не дојде, што побудува“-Наташа Димитриевска, сопруга на починатиот
Димитриевска има низа забелешки и за тоа како се водел целиот судски процес.
„Пропуст има уште во СВР Скопје кога го прават записникот. Наведено во записникот е дека моторот не бил регистриран. Си беше регистриран, Гоце си имаше положено за соодветна категорија, двајцата си носевме заштитна опрема, наместо тоа обвинителство да истражи…, таа борба со СВР Скопје ја водев сама, потоа документи во однос на плодот, исто сама си водев. На крајот обвинителот само дојде за да си води, и да не најде време да слушне пресуда.“ – Наташа Димитриевска, сопруга на починатиот
Вчера Зоран Димитриевски, таткото на починатиот, за Канал 5 истакна дека поради оваа пресуда не верува во правда, и доколку институциите не ја коригираат пресудата, тој ќе стори се да има правда за неговиот син.
…