Семејството Трамп заработи шест милијарди долари откако лансираше криптовалута

Семејството на Доналд Трамп стекна дури шест милијарди долари откако нивниот крипто-проект отвори тргување со нова дигитална валута наречена World Liberty Financial (WLF) пишува Волстрит џурнал.

Семејството Трамп поседува околу една четвртина од сите постоечки токени на оваа криптовалута. Тројца од синовите на Трамп, Доналд Трамп помладиот, Ерик Трамп и Барон Трамп се коосновачи на „World Liberty Financial“, додека претседателот е назначен за „почесен коосновач“.

 

Иако World Liberty тврди дека токените на основачите и членовите на тимот остануваат „заклучени“ и не можат да се продадат, почетокот на тргувањето овозможува пазарна проценка на нивните удели, кои претходно се базираа на приватни продажби.

 

World Liberty е основана минатата година додека Доналд Трамп беше во претседателската кампања, објавувајќи дека ќе ја направи „Америка повторно голема, овој пат со криптовалути“.

Според податоците од CoinMarketCap, тргувањето со токени започна во понеделникот, кога една милијарда долари беа разменети во рок од еден час.

Цената, исто така, носи премија во однос на 1,5 центи што инвеститорите ги платија минатата година кога купуваа токени директно од World Liberty. Ова го прави уделот на семејството Трамп вреден повеќе од шест милијарди долари на хартија.

Сепак, како што истакнува британски Индепендент, овој нов потфат не е без ризик, бидејќи продажбата дури и на мал број токени може да предизвика пад на цените.

 

Некои стравуваат дека World Liberty создава можност за влијание врз семејството Трамп и инвеститорите, кои би можеле да го користат овој канал за да побараат помош од администрацијата на Трамп.

 

Сепак, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека „ниту претседателот ниту неговото семејство никогаш не биле, ниту пак некогаш ќе бидат вклучени во конфликт на интереси“.

 

Освен World Liberty, компаниите на Трамп ја контролираат и таканаречената „мемекоин“ наречена $Trump, која вреди неколку милијарди долари. Семејството на Трамп поседува и малку повеќе од половина од Trump Media, која ја управува неговата социјална мрежа Truth Social. Trump Media купува и држи криптовалути, а вредноста на тој удел е 2,5 милиони долари.

 

Back to top button
Close