Сенаторот Марфи до Петков: САД поддржуваат пат напред за С Македонија во Е

За време на вчерашната средба во Вашингтон помеѓу демократскиот сенатор Крис Марфи и бугарскиот премиер Кирил Петков, било разговарано и за отворените прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, при што Марфи му укажал на Петков дека САД поддржуваат „заклучок кој обезбедува пат напред кон решавање на спорот“, информираат од канцеларијата на Марфи.

„Разговаравме и за важноста од напредок на билатералните разговори со Северна Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската Унија. Членството на Северна Македонија на крај е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред“, се вели во соопштението од канцеларијата на сенаторот.
Покрај Марфи, и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на вчерашната виртуелна средба со бугарскиот премиер Кирил Петков ја истакнал „важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“.

На средбите на Петков со Блинек и Марфи било разговарано и за актуелната состојба во Украина, како и за ставањето на крај на зависноста на Бугарија од руски гас и нафта.

Back to top button
Close