Сенаторот Џон Кенеди сослушува во Сенатот: Како енергетичарите на Бајден за 76 дена расфрлиле 93 милијарди долари, двојно повеќе отколку за 15 години

За само 76 дена, период помеѓу доаѓањето на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и заминувањето на неговиот претходник Џо Бајден (период од завршувањето на ноемвриските избори до стапувањето на Трамп на функцијата на 20 јануари оваа година), од Министерството за енергетика на САД биле потрошени 93 милијарди долари за проекти . Поточно, парите биле дадени за кредити и обврски. За дел од 93 милијарди долари нема никаква документација, за некои постојат проекти, но како што вели сенаторот Џон Кенеди при сведочењето на секретарот од Министерството за енергетика, Крис Рајт, тоа се „boondoggle“, односно проекти кои се сметаат за губење време и пари, но се продолжуваат, иако има и такви кои ја оправдуваат целта.

„Треба да се оддели житото од плевата“, вели секретарот Рајт.

Како и да е, од сведочењето на Рајт излегува дека за само 76 дена биле потрошени двојно повеќе пари во споредба со претходните 15 години.

Следи видеото со сведочењето на Рајт во Сенатот: 

Back to top button
Close