Сенатот на САД започна постапка за забрана на нови воени акции против Венецуела без одобрение од Конгресот

Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска ја поддржа резолуцијата со која се предлага ограничување на можноста претседателот Доналд Трамп да презема дополнителни воени дејствија против Венецуела без одобрување од Конгресот.

Резултатот од гласањето за унапредување на резолуцијата, која се однесува на процедуралното одобрување за ограничување на воените овластувања, беше 52 спрема 47. Неколку републикански сенатори гласаа заедно со сите демократи во Сенатот за да се овозможи претстојно разгледување, пренесува Ал Џезира.

Гласaњето следеше само неколку дена откако американските сили во драматична воена акција во Каракас го заробија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Поради оваа операција, која предизвика широка дебата околу воените дејствија на администрацијата на Трамп, законодавците повторно се осврнаа на прашањето за уставната улога на Конгресот во одобрување на воени акции.

Претходно, во 2025 година, слични обиди за ограничување на претседателските воени овластувања беа блокирани во Сенатот од редовите на републиканците, додека администрацијата ја зголемуваше воената активност против Венецуела, вклучително и напади врз бродови во јужниот Кариби започнувајќи од септември.

Резолуцијата допрва претстои да биде изгласана и во Претставничкиот дом, а потоа би се соочила и со можно вето од претседателот Трамп

Back to top button
Close