СЕНДВИЧ ЗА ПАСОШОТ
Ова што ВМРО-ДПМНЕ уште сега си се гледа себеси како победник на изборите, не е затоа што таа партија понудила нешто подобро отколку тоа што го гледавме во времето на Никола Груевски. Ниту пак има некое достигнување.
Едноставно, СДСМ не ја искористи историската шанса. Беа во опозиција 11 години. Двапати беа тепани во Собрание. Во 2012, власта на ВМРО-ДПМНЕ им ги влечеше пратениците како партали и ги исфрли од собраниската сала. Во 2017 беа дојдени и да ги убијат. И кога во 2017 успеаја и без доволен број пратеници, со меѓународна помош да направат Влада, ја прокоцкаа довербата. До толкhttps://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/sendvich-za-pasoshot/?fbclid=IwAR2EDvZ9dHgjz1od9DO75NgpbD-b38cPs47HmgZ2juxeyRPKntJ6Y6RtyDUу, што сега нѐ доведоа до ситуација ВМРО-ДПМНЕ да ни зборува за демократија, владеење на право, да обвинува за партизација, крадење и корупција…
И што направи СДСМ? Ги амнестираше вмровските криминалци со закон. И отштета ќе им плаќаме. Па уште вмровците им морализираат: Не, не ги гласавме ние тие закони. СДСМ сам си ги гласаше.
Туку, анџак плати им плаќаме на пратениците за да носат вакви глупави закони, ќе им платиме и судски трошоци на оние кои пратениците ги ослободија.
Еј, доживеавме за слобода на медиуми да ни зборува ВМРО, тие што спружуваа на насловни, гасеа струја по телевизии и прислушкуваа новинари. И тоа не се нови луѓе, што не ги знаеме. Истите ликови се од најблискиот круг на Груевски.
А што е најтрагично, ВМРО-ДПМНЕ не е крива за тоа.
Целата колумна на Горан Михајловски на сдк мк